За рибите, народот вели дека се враќаат точно на местото кадешто се извеле, за да се мрестат, а студиите пак го потврдиле тоа.
Рибата Лосос излегува од плитките потоци на свежа вода, мигрира во океанот и живее како морска риба, потоа се враќа во слатката вода да се репродуцира.
Лососот како дел од исхраната, е многу важен. Има многу малку заситени масти и добар извор на протеини. Честото консумирање лосос може да ви помогне да изгубите тежина и да ја задржите. Како високопротеинска храна, помага во регулирањето на хормоните кои го контролираат апетитот и помагаат да се чувствувате сити. Тој, е исто така еден од најдобрите извори на витамин Б12, изобилува со калиум и други хранливи материи како железо и витамин Д. Оваа риба се храни со други помали морски суштества како што се харинги и лигњи. Интересен факт е дека лососот има елегантно тело и боја која ја менува во текот на неговиот живот, најчесто за да привлече партнер за мрестење, но можеби е и единствен кој опстанува и во слатка и во солена вода.