Приказната на џинот (оној што се пие)

Џин е билна пијачка. Во основа користи смрека, роднината на борот и елката. (whaaat?)

Процесот се прави со дестилирање на разновидни билки, како смрека, коријандер, цимет, па дури и лаванда, сето тоа измешано со неутрален алкохол.

Домот му е Англија, но, корените му се холандски. За време на некоја битка, англичаните пиеле со холадските војници нешто со „смрека“ во името, па си го крстиле „Холаднската сила“.

Им требало 150 години потоа да го пуштат првиот свој џин. Кој прво го викале genever, ама бајаги од времето биле пијани од него и им било тешко да го изговорат, го скратиле на gin.

Полниот сјај на џинот доаѓа до израз во коктели, кога неговите билни миксови доаѓаат до израз во комбинација со другите вкусови.

Најголем број од сите измислени коктели во својата основа користат џин.

Џин и тоник е боговската комбинација која ја пијат луѓе со посебни и интересни психолошки состави J

Пијанството од џин си има име и се нарекува gincident.

POST A COMMENT