Кралот виски и неговите вистини

Whiskey е терминологија на Галите/Келтите и значи „водата на животот“. И двата изрази “Whisky” и “Whiskey” се точни. Whiskey е ирски, whisky е шкотски термин.

Произведувачите на виски на Островот „прават“ по 135 фунти во секунда, а само Jameson продава повеќе Irish Whiskey од сите други произведувачи заедно.

Фраерот Jack Daniel научил како да прави виски од свештеник на само 6 години.

Пред да биде оставено за зреење во буриња и вискито е безбојно. Бурињата може да се употребуваат максимум 4 пати.

Испарувањето на алкохолот од бурето на патот да стане виски, се вика „дело на Ангелот“.

Индија е лидер во „делкање“ виски во светот, па потоа се американците на шанк и трети, изненадувачки се французите, а нив ги мислевме винска нација.

Од здравствените бенефити, штити од развивање бактерии и малигни непријатели, а има и добра соработка со срцето при неговата работа. Секако, ВО НОРМАЛНИ количини.

Урината на дијабетичарите може да се претвори во виски при превисоко качување на шеќерот.

27 јули е светски ден на шкотското виски, запамтете, ќе си имаме прописна прослава.

POST A COMMENT