
Кој ги измисли викендите?
Хенри Форд, сопственикот на производителот за автомобили Форд, има огромна улога во формирањето на викендите. Како?
Уште одамна различните религии користат различни денови за одмор: муслиманите одмораат во петок, евреите во сабота, христијаните во недела.
Но, се случило на крајот на 1800тите години, во Америка, кога индустриската економија земала поголем замав од фармерскиот живот.
И фармерите почнале да работат во индустриите, но, си барале и време со семејството и време за работа на фармите.
Ваквите барања прераснале во огромно движење на штрајкови на работниците. Било лесно да се даде недела како ден, поради доминантно христијанско население, а и евреите си ја барале сабота.
Но, промената тргнала од чевекот кој препознал шанса за зајакнување на бизнисот – Хенри Форд.
Форд сфатил дека неговите работници повеќе ќе ги користат своите автомобили ако имаат повеќе време.
Па така, прв го вовел 5/2 системот на работни денови, за да си ја зголеми продажбата и продуктивноста на работниците.
По него, многу бизниси ја прифатиле таа шема и во 1938 година е усвоен системот „40 работни часови неделно“.