History.

Беше тоа место со фина локална историја, додека не дојде најдобрата журкаџиска регионална авантура да преземе! Годината беше 2010та и уште од самиот почеток Де Факто го диктира ритамот за многу аспекти во ноќниот живот во национални рамки.
Откако ги отвори своите врати за прв пат, клубот беше домаќин на најголемите имиња од секоја земја на Балканот.
Низ годините, Де Факто еволуираше и се трансформираше во диско лидер со позната сцена и подиум, но и како дестинација со деликатеси, за комплетно искуство на сите сетила.
Неговата уникатна околина е препознатлива по вегетацијата и текот на реката на чиј брег е лоциран. Клубот беше домаќин на национални и интернационални артисти од различни музички профили, за да ги задоволи вкусовите на илјадници клиенти со префинети вкусови кои редовно влегуваат низ широко отворените врати.
За да ги следи високите очекувања од прогресивната клиентела, клубот доживеа неколку модификации низ годините, вклучувајќи подобрувања на бината, звукот и светлото, ротација на шанковите за поголем простор за уште поразигран подиум, имплементација на ротирачки кров, за да може да се ужива во свежината на воздухот во лудите летни ноќи, а да се биде заштитен и на топло во зимските забави.
Најновата гордост на местото е новиот lounge bar, хибридно искуство каде што ќе ве понесат деликатесите на нашите уникатни вкусови од рецепти. Кликни тука за тура низ барот.