FOR THE FIRST NIGHTCLUBS

Њу Јорк буквално го создал ноќниот живот каков што е денес. Long live New York!

Webster Hall е кредитиран како прв ноќен клуб во светот, отворен во 1886-та, првиќно како сала за игранки.

За време на прохибицијата, забраната за алкохол во САД во 1920-тите, Webster Hall останува да си работи, со шушкање дека Ал Капоне вмешал прсти и ја подмитил полицијата.

Во Франција, за време на Втората светска војна, се појавило движење од млади луѓе, кои почнале да си се собираат по подруми и да си денсаат. Си ги нарекувале тие места discothèques. Од таму и денешното име.
Ова биле ликчиња со изразена индивидуалност, важжеле за цела суб – култура во тој воен хаос и биле нарекувани zazous.

Се знаел и дрес код – маите носеле карирани кошули или јакни, а женските кратки здолништа, неретко искунати хулахопки и гломазни чизми.

Во Германија, првата дискотека за која се знае дека вклучувала ДЈ се викала Scotch club.
Била отворена во 1959 година, а за жал, затворила во 1992-та.

Би сакале во оваа прилика, да оја оддадеме нашата почит за Studio 54 од Њу Јорк, кое се појавило баш во сомнителните 1920-ти, но, во друга форма.

Со целиот свој блесок, со најпознатите луѓе во светот, најдобрата опрема за светло и звук, разбратните забави и  целата култура која ја издиктирал, блеснува на почетокот на 70-тите и живее до крајот на 1986та година.

POST A COMMENT