Политика на Враќање на средства и Достава.

Враќање на Средства (Refund Policy).

Во случај за поврат на средствата на купувачот кои претходни ги уплатил со некоја од платежните картички, поради некој тикет или резервација делумно или во целост, и без разлика на причината за враќање, СПАЈДЕР МУЛТИПЛЕКС ДООЕЛ Гевгелија е должна да изврши поврат на средствa, што значи дека банката, на барање на продавачот, ќе ги врати средствата на сметката на корисникот на картичката или ќе ги врати уплатените средства на тековната сметка на купувачот.

Враќањето на средствата се врши со користење на истите средства за плаќање што ги користел потрошувачот во првичната трансакција.
Потрошувачот има право да се откаже со контактирање и потпишување на изјавата за откажување доставена од нас.

Изјавата за откажување ќе биде благовремена доколку е испратена во рок од 14 дена (без наведување на причините и дополнителни трошоци) од денот на приемот на стоката. Компанијата е должна да изврши поврат на уплатата која ја прими од потрошувачот, во рок од 14 дена од денот кога ја добил изјавата за откажување од договорот.

Доколку трговското друштво му овозможи на потрошувачот пополнување и испраќање на образецот за откажување по електронски пат, тој е должен да го извести за приемот на образецот без одложување во писмена форма или преку е-пошта.

Полиса на Достава (Shipping Policy).

СПАЈДЕР МУЛТИПЛЕКС ДООЕЛ Гевгелија не врши достава ниту пак ангажира трети лица за достава. Единствено се наплаќа за “виртуелни” продукти: влезници (карти, тикети) и резервации.