Топ 10 ноќни клубови во светот

Ноќните клубови се одлично место за танцување и дружење. За да заслужат топ позиција за Нај Нај клуб во светот, потребно е да се темелат врз некои основни критериуми, односно како најважен аспект е ди-џејот, така што многу клубови нудат диџеи во живо барем еднаш неделно. Следен критериум е Музиката, која никогаш не треба да биде премногу гласна или премногу тивка и Осветлувањето кое создава расположение и прави амбиент за да уживате во вашата ноќ на поинаков начин.
Да “прошетаме” малку низ ТОП клубовите:

10. Octagon, Сеул кој располага со два ката, на кои се позиционирани и ВИП соби, кои се совршени за приватни забави или специјални настани. Овде настапувале познатите DJ Snake и DJ Steve Aoki.

9. Cavo Paradiso, Миконос е познат по своите неверојатни погледи. Местото нуди две тераси на отворено, со поглед на море и кои се совршени за славење на нивните познати Sunset Parties, секое лето.

8. Marquee е најголемиот ноќен клуб во Лас Вегас, со своите 50.000 м² кој нуди разновиден опсег на музика, од хип хоп до џез. Овој клуб вклучува повеќе барови како и ВИП салони и места за седење со неверојатен поглед кон убавиот двор.

7. Fabric, Лондон има репутација како еден од најдобрите ноќни клубови во Европа, кога станува збор за андерграунд музиката. Овој клуб е домаќин на многу настапи во живо од страна на Kool Keith, Flava D и Marshall Jefferson кои редовно настапуваат на сцената.

6. BCM Dance Palace, Мајорка е клуб на два ката, со прекрасни тераси, ВИП соби, ди-џеј сетови и базен на кој се служат разновидни коктели. Лоциран е на познатата плажа Palma Nova.

5. Zouk, Сингапур е еден од најдобрите клубови во Азија познат по својот неверојатен звучен систем. Истиот е на два ката, со многу салони кои нудат широк спектар на музика. Овде настапуваат познати диџеи и танчари од целиот свет.

4. Pacha, Ибица е прогласен за најдобар европски ноќен клуб. Нуди 4 одделни подиуми за танцување со разновидна музика. Редовните изведби на Richie Hawtin во овој клуб го прават ноќниот живот незаборавен, без разлика колку години имате.

3. Green Valley, Камбориу е еден од најдобрите клубови во Бразил, располага со два ката и нуди по нешто за секого, вклучувајќи ги и ВИП областите совршени за релаксација или забава со пријателите во текот на ноќта. Неделните настапи во живо од страна на уметници и изведувачи е она што го прави клубот беспрекорен.

2. Hakkasan, Лас Вегас е меѓу најдобрите клубови во светот. На своите два ката има аранжман со разновидна музика.
Секако е домаќин на бендови и уметници во живо во текот на целата недела, но и располагаат со области за организирање интимни забави.

1. Најдобриот ноќен клуб во Европа, но и во светот – SPACE, Ибица.
На своите три ката се слушаат сите жанрови на музика. Тука се ВИП салонот кој ѝ дава на забавата посебен изглед и Црвената соба кадешто можете да уживате во домашните мелодии. Се разбира, Space клубот е едно од најдобрите места на Ибица без разлика во кое време од денот сте таму, исто така е и најдобар дневен клуб доколку сакате малку сонце и забава!

POST A COMMENT